Акар истакна дека 63 авиони преку коридорот за воздушна помош во регионот транспортираа 9.780 експерти и 625 тони опрема
Министерот за одбрана на Туркије Хулуси Акар изјави дека на подрачјата погодени од земјотресите на југот на Туркије ангажирани се 25.067 припадници на турските Вооружени сили.
Акар истакна дека 63 авиони преку коридорот за воздушна помош во регионот транспортираа 9.780 експерти и 625 тони опрема.
Турскиот министер додаде дека припадниците на турските сили даваат придонес во акциите на пребарување и спасување и во пружање медицинска помош.
„Во краток временски рок воспоставивме коридор за воздушна помош“, рече Акар.
Најмалку 21.043 луѓе загинаа, а повредени се 80.097 лица во двата силни земјотреси кои на 6 февруари го потресоа југот на Туркије, објави државата агенција за справување со катастрофи (АФАД).
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари го погодија југот на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за пребарување и спасување на луѓето заробени во урнатините на зградите.
TRT Balkan / агенции