Во својата книга, Том Мартин, приватен детектив од Калифорнија, детално ги опишал постапките кои укажуваат на неверство на партнерот.
Том предупреди дека новите технологии -. Интернетот и паметните телефони – во голема мера го променија начинот на кој партнерите се изневеруваат еден со друг.
– Правилата на игра се сменија. А технологијата имаше 100 процентно влијание на тоа – рече тој.
Најчести и очигледни знаци на изневерување, според Мартин, се подолго останување на работа, честите службени патувања, помалиот секс со партнерот….
Новата посветеност на теретана или нова облека исто така може да биде знак дека вашиот партнер работи на подобрување на својот изглед, можеби имајќи некој друг на ум.
Приватен детектив ги навел знаците кои покажуваат дека некој е неверен:
Промена на навиките
Рано напуштање дома и доцна враќање
Чести службени патувања
Отсуства од празници или семејни настани
Постојано прекувремена
работа Необјаснето трошење
Тајни сметки (Инстаграм, е-пошта)
Скриени сметки на кредитни картички
Мирис на друга личност на вашата облека
Одење во теретана и премногу грижа за вашиот изглед
Пропуштени повици од непознат број
Кодирани или тајни СМС пораки
Помалку секс
Избегнување на партнери
Очигледни лаги
Импулсивност или раздразливост, пренесува New York Post.