Ако видите вакви бранови, веднаш излезете од водата! Ретка појава е многу опасна – еве што може да ви се случи

Таканаречените „коцкасти бранови“ се необичен природен феномен кој претставува опасност дури и за најискусните пливачи.

Меѓу опасностите кои демнат во океаните и морињата, има и една која се „скрива“ зад интересниот изглед.

Повеќето ги замислуваат брановите како мирно се „тркалаат“ кон брегот, во релативно прави линии. А како би реагирале на глетката на морето „поделено“ како шаховска табла?

Дури и искусните пливачи можат да бидат во опасност во одредени услови, а експертите советуваат веднаш да се излезе од водата во случај на „коцкасти бранови“.

Овие бранови изгледаат убаво и се создадени од два бранови системи кои се среќаваат под агол поголем од 45 степени.

 

Сепак, она што се случува под површината е помалку убаво и може да доведе до несреќи. Водните струи можат да бидат сериозна закана за капачите, сурферите, па дури и за помалите пловни објекти.

Овие бранови можат да се формираат за неколку минути и да достигнат висина до три метри, а исто толку брзо можат да исчезнат. Инаку, оваа појава обично се поврзува со силни и локализирани плими.

Во Франција, јужниот дел на Тихиот Океан, Атлантскиот океан, како и на други места често се појавуваат „коцкасти бранови“, па затоа внимавајте на нив без разлика каде се наоѓате, пренесува Ladbible.