АКО ГИ ПОЧУСТВУВАТЕ ОВИЕ СИМПТОМИ ВЕДНАШ ОДЕТЕ НА ДОКТОР – Тие укажуваат на болест која брзо станува многу опасна

Не смеете да ги игнорирате овие сигнали кои ви ги испраќа вашето телото. Повеќето настинки и респираторни инфекции поминуваат брзо и лесно, но за жал, понекогаш инфекциите на горниот респираторен тракт може да прераснат во пневмонија. А, што е особено опасно, во некои случаи не е така лесно веднаш да се препознае дека се работи за пневмонија.

Еве шест главни знаци на пневмонија кои ќе ви помогнат што побрзо да ја препознаете болеста и да преземете мерки.

1.) Забрзан пулс – Првото нешто што треба да ве предупреди е забрзаното чукање на срцето. Измерете го вашиот пулс и ако тоа е повеќе од 100 отчукувања во минута во мирување, посетете доктор – може да имате пневмонија.

2.) Болка во градите – Ако инфекцијата се прошири на белите дробови, може да се развијат болки во градите. Најверојатно, чувствувате непријатност, па дури и болка при напад на кашлање, но ако болката не исчезне по нападот, веднаш побарајте докторска помош. Можеби инфекцијата се шири во белите дробови!

3.) Продуктивна, исцрпувачка кашлица – Продуктивната кашлица е доста „добра“, бидејќи му помага на телото да се ослободи од слузта. Но, ако кашлицата е постојано влажна, но не носи чувство на олеснување, треба што поскоро да посетите доктор – исцрпувачката кашлица може да биде симптом на пневмонија.

4.) Траги од крв – Ако слузта што излегува со кашлица е обоена со крв или има ‘рѓосана сенка, тоа е знак дека инфекцијата навлегла во белите дробови. Веднаш одете на доктор – ова е многу сериозен знак.

5.) Чувство на студ – Треска и висока температура се најсигурните знаци на пневмонија. Не ги игнорирајте – веднаш консултирајте се со доктор.

6.) Тешко дишење – Тешкотии или плитко дишење е уште еден симптом на пневмонија што не треба да се игнорира. Како по правило, се појавува кога инфекцијата веќе се проширила доста длабоко во белите дробови и потребна е итна помош. Во спротивно, нема доволно кислород да влезе во крвта и може да дојде до вртоглавица, па дури и губење на свеста.

животздравје