Ако натопите груби крпи во овој раствор, тие повторно ќе бидат меки!

Искусните домаќинки го знаат овој трик, со помош на кој старите крпи можат повторно да станат меки.

Наместо скапи омекнувачи, можете да користите нешто што веќе го имате дома. Станува збор за чај од камилица.

Овој чај е најпознат како благотворен пијалок, но и одлично решение кога крпите ќе се груби.

Потребно е да сварите еден литар вода и во него да ставите грст сушен чај од камилица или една кесичка од овој чај. Кога целосно ќе се излади, процедете ја течноста и истурете ја во леген, а потоа натопете ги чистите крпи кои станаа груби.

Оставете ги крпите да отстојат во течноста 15 минути. Потоа извадете ги, исцедете ги и развлечете ги да се исушат.

Ќе добиете освежени и меки крпи – камилицата ќе им помогне да изгледаат како нови.