,,Клубот на мајмуните” важи за еден од најексклузивните свингери во Мелбурн, а сега протекоа некои информации за тоа што се случува внатре во неговите ѕидови.
Така јавноста минатата година успеа да ги дознае строгите услови за пристап до овој клуб. Имено, не само што беше неопходно да се има покана за влез, туку имаше низа барања на кои требаше да се одговори, ако сакаш да го доживееш шармот на ова место.
Жените кои сакаа да добијат пристап до овој клуб мораа да докажат дека се со големина XXS, XS или S со испраќање фотографии во бикини или гаќички, додека држат документи на кои се гледа датумот на сликањето. Мажите мораа да исполнуваат ригорозни стандарди – не им беше дозволено да влезат во клубот доколку имаат „повеќе килограми околу половината или стомакот“.
По бурната реакција на јавноста поради оваа дискриминација, овој свингерски клуб го ажурираше списокот со правила за апоенискиот број на своите членови.
Тие на својата веб-страница објавија дека машките гости мора да бидат „тенки, атлетски градени или мускулести“, а сега во клубот се добредојдени дами кои носат големини М и L. Мажите и жените мора да бидат на возраст меѓу 21 и 35 години и не смеат да имаат „стомак“ или да носат „очила за сонце“ на фотографиите што ги испраќаат.
Туширањето при влез во клубот е задолжително, а на својата веб-страница предупредуваат дека нема да толерираат нехигиена.
– „Ве молиме бидете сигурни дека вашата лична хигиена е 150 проценти, што значи дека вашето тело, но и вашите гениталии (напред и назад) мора убаво да мирисаат”, се наведува на веб-страницата на клубот.
За жените се предлага елегантна облека, а за мажите се препорачува порелаксиран тип на елеганција како јакни и темни фармерки.
„Внатрешноста на клубот е како хотел со пет ѕвездички. Веднаш штом пристигнете ќе ви биде овозможена обиколка на целиот клуб, кој е распослан на два ката. Заводливата околина е опремена со луксузен мебел и уметнички дела што пристигнала овде од сите четири страни на светот“, пишува на веб-страницата и додаваат дека клубот има огромен број кревети и толку многу интригантни и еротски предмети што е тешко дури и да се наведат.
Не очекуваме да бидете супермодели, пишува на страницата, но сите правила укажуваат на сосема спротивното.