Еве како бананите ни помагаат полесно да заспиеме!
Бананите се познати по нивните бројни придобивки за нашето тело. Витамините и минералите во ова овошје позитивно делуваат на бројни функции во организмот и воедно обезбедуваат мирен сон. Бананите се одлично решение за оние кои имаат проблем да заспијат .
Ова овошје е богато со калиум, магнезиум, триптофан (суштинска аминокиселина), витамин Б6, јаглехидрати и влакна, а сето тоа може да ви помогне да заспиете. Истражувањата покажаа дека земањето 500 милиграми магнезиум дневно може да го зголеми производството на мелатонин, хормон чиј недостаток го нарушува сонот и да го намали нивото на кортизол (хормон на стрес).
Освен хемиските процеси во организмот, кои ги поддржуваат бананите, придонесуваат и за чувството на ситост поради пектинот што го содржат. Исто така, ќе ви помогне да спиете поздраво. Многу е важно што јадете пред спиење, бидејќи тоа влијае и на сонот и на варењето, што може да го наруши. Ако храната не се разложи пред спиење, телото ќе го потроши времето што треба да го помине во одмор на разградување на храната.
Тие исто така го одржуваат здравјето на цревата и дигестивниот систем. Имено, според студија од 2017 година, фруктозата од бананите го зголемува производството на киселини потребни за здравјето на цревата, пренесува Ordinacija.hr. Значи, знаете што да правите!