,,Ако не склучат договор – ќе има бомбардирање!” – Трамп брутално се заканува со нуклеарна моќ: Американскиот претседател не се шегува!

Според извештајот на новинската агенција ИРНА, Иран одговорил дека Техеран е подготвен за индиректни преговори и дека тоа зависи од однесувањето на Вашингтон.

Во телефонско интервју за NBC News, Трамп рече дека американските и иранските претставници разговарале, но не откри повеќе детали за разговорот.

„Ако не склучат договор, ќе има бомбардирање. Исто така, постои можност ако не постигнат договор, ќе им наметнам секундарни царини, како што направив пред четири години“, му рече Трамп на Иран.

Во неговиот прв мандат од 2017 до 2021 година, Трамп ги повлече Соединетите држави од договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили, со кој беа поставени строги ограничувања на спорните нуклеарни активности на Техеран во замена за олеснување на санкциите кон Иран.

Техеран досега го игнорираше предупредувањето на Трамп за потребата да се постигне договор и евентуално да се соочи со воени последици.

Иран испрати одговор на писмото на Трамп преку Оман. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повторно ја отфрли можноста за директни преговори за нуклеарната програма на неговата земја со администрацијата на Трамп, објави Ројтерс.

Иранската новинска агенција ИРНА денеска јави дека претседателот Масуд Пезискијан изјавил дека Иран им кажал на САД дека е отворен за индиректни преговори, додавајќи дека текот на преговорите ќе зависи од однесувањето на Вашингтон.

Пезешкијан денеска изјави дека Иран во својот одговор на писмото на американскиот претседател Доналд Трамп напишал дека Исламската Република никогаш не бегала од преговорите и дека само неисполнетите ветувања на другата страна ја нарушиле довербата што мора да се врати, пренесе ИРНА.

„Иако одговорот ја исклучува можноста за директни разговори меѓу двете страни, тој вели дека вратата останува отворена за индиректни преговори“, ја цитира ИРНА изјавата на Пезешкијан.