Ако редовно ги јадете овие намирници, побрзо ќе ослабете! Тие ефикасно го забрзуваат метаболизмот

Неколку намирници ефикасно го забрзуваат метаболизмот и го поттикнуваат процесот на слабеење.

Метаболизмот ја претставува брзината со која се согоруваат калориите во телото.

Еве кои намирници го забрзуваат метаболизмот:

Јајца

Храната богата со протеини како што се јајцата, посно месо и млечните производи го забрзуваат вашиот метаболизам.

Јајцата се идеални за забрзување на метаболизмот бидејќи на телото му треба многу енергија за да ги свари.

 

Кафе


Дневниот внес на кафе, не повеќе од две до три шолји, може да го зголеми метаболизмот.

Луѓето кои консумираат соодветни количини кафе се очекува да согоруваат повеќе калории дневно од другите.

 

Зелен чај

Зелениот чај е полн со полифеноли, фитохемикалии со антиоксидантни својства кои му го даваат карактеристичниот, малку горчлив вкус.

Лесно ја зголемува стапката на метаболизмот за 4 до 10 проценти. Нема значајни несакани ефекти и може да се пие дневно, околу 2 шолји дневно. Откриено е и неговото влијание врз слабеењето. Зелениот чај го забрзува метаболизмот, го подобрува варењето, го поттикнува разградувањето на мастите и ги чисти органите од токсините.

Зелениот чај им одговара на спортистите бидејќи ја подобрува нивната физичка активност, ја зголемува концентрацијата, мотивацијата и издржливоста.

 

Ѓумбирот

Еден од значајните ефекти на ѓумбирот е топењето на масното ткиво и слабеењето, па екстрактот од ѓумбир често е една од состојките на додатоците во исхраната за слабеење.

Освен што ги подобрува дигестивните функции, ѓумбирот има и термогенетски ефекти кои помагаат во забрзување на метаболизмот, што е предуслов за топење на масното ткиво и користење на мастите за енергија.

Додавањето ѓумбир во чајот или оброците е идеален избор за забрзување на метаболизмот. Ѓумбирот има и антиинфламаторни својства кои помагаат во одржување на целокупното здравје.

 

Лута пиперка

Зачините се поврзани со зголемување на стапката на метаболизмот.

Свежите и сувите лути пиперки се одлични за забрзување на метаболизмот.

 

Додадете ги овие зачини во вашите оброци и најверојатно ќе согорите повеќе калории, пишува Пинк Вила.