Омиленото кафе е поврзано и со одредени психолошки карактеристики, покажа едно австриско истражување
Оние кои пијат слатко кафе обично се внимателни и пријатни. Ако сте во друштво со некој кој пие кафе целосно црно, можеби ќе сакате да заминете што е можно поскоро.
Истражувањето на Универзитетот во Инсбрук во Австрија ја откри врската помеѓу најпосакуваното кафе и човечките карактеристики. Се испостави дека чистото црно кафе најчесто го пијат луѓе со психопатски и садистички склоности.
Научниците го направија истражувањето на 1.000 луѓе; оценувале кое кафе им е омилено и правеле психолошки тестови, пишува „Reader’s Diest“, пренесува Телеграфи.
Садистички и психопатски карактеристики покажале луѓето кои сакаат горко кафе. Оние кои сакаат слатко и млечно кафе и други слатки вкусови обично се склони да се согласуваат со мислењата на другите и се забележани по сочувство, соработка и добрина.
Истражувачите исто така истакнуваат дека врската е поизразена помеѓу горчливата храна и секојдневниот садизам, додека сметаат дека оваа состојба веројатно ќе се влошува со текот на годините.