Еве колку интимни односи неделно се добри за здравјето, но и за намалување на стресот!
Вечното прашање е колку интимни односи се доволни, неделни, месечни и годишни. Општо е познато дека водењето љубов позитивно влијае на бројни процеси во телото – меѓу другото, го намалува секојдневниот стрес.
Стресот е наречен „тивок убиец“ со причина – иако влијае на секого различно, студиите покажуваат дека може да доведе до мозочен или срцев удар во тешки случаи. Честопати, ако сме вознемирени и преоптоварени, а нашиот мозок, или подобро кажано, мислите едноставно не престануваат да се вртат, интимните односи се последното нешто што сакаме да го направиме.
Сепак, овој експерт за врски, Трејси Сенсбери, вели дека луѓето треба да имаат повеќе интимни односи (секс), наместо да ги одбиваат затоа што се чувствуваат под стрес. Трејси Сенсбери истакнува дека сексот три пати неделно може да направи чуда за намалување на стресот.
Допаминот, окситоцинот и серотонинот често се нарекуваат како „хормони на среќата“, но тие исто така ќе ве направат поотпорни на стрес, објаснува Трејси Сенсбери, додавајќи дека дури и најмал допир на телото со друго тело може да ги активира овие хормони. Како што истакнува Трејси Сенсбери, тоа не мора да биде нужно романтично водење љубов. Тоа може да биде брз секс во кујната. Не мора да биде во кревет навечер, пред спиење.
Исто така, не само хормоните можат да помогнат – повторното откривање на поразиграната и забавна страна од себе, исто така, може да го намали нивото на стрес. Исто така, важно е интимноста да биде дел од неделната рутина.
„Можеби мислиме дека немаме доволно време за интимни врски кога сме под стрес, но тие се навистина многу важни“, истакнува Трејси Сенсбери.
Експертитете претходно ја охрабруваа интимноста како начин за подобрување на здравјето на срцето, борба против инфекции, па дури и борбата против почетокот на менопаузата.