Јагодите може да се користат како главна тајна состојка при подготовка на разни десерти и јадења. А ако сте ги купиле за да се консумираат исклучиво како такви, а притоа сте решиле дека се уште не се доволно слатки – најдовме начин да им го подобриме вкусот.
Имено, на Инстаграм профилот @joycecooks__ истакнуваат дека во тој случај потребно е јагодите да се испечат во рерна. Иако потенцијалното решение изгледа на прв поглед интересно, но и доста необично, по кратката анализа на состојките додадени во јагодите, јасно е зошто ќе се промени нивниот вкус.
Рецепт за јагоди од рерна
Неопходно е:
јагоди
– бел шеќер
– балсамико
– Мајчина душица
– ванила сладолед
сол
Подготовка:
Јагодите кои претходно ги измивте и исечкавте на половина или четвртини, премачкајте ги во плех и додадете малку шеќер, сол, балсамико и мајчина душица. Печете ги во рерна загреана на 120 степени околу три часа. Послужете ги со сладолед по желба.