Актерката по која во моментов лудува целиот свет најави пауза од глумата: “Мислам дека на сите веќе им е здосадено…“

Маргот Роби изненади со изјавата дека можеби ќе се одмори од актерството откако филмот „Barbie“ доживеа неверојатен успех. Таа откри дека планира малку да се одмори од актерството. Маргот Роби мисли дека е време да се работи надвор од екранот.

Маргот Роби изјави за Deadline дека сака да се одмори од актерството бидејќи мисли дека на сите им е мачно да ја гледаат по нејзината улога во блокбастерот на Грета Гервиг.

Маргот Роби

Треба да се тргнам од екранот некое време“, вели Маргот Роби.

Мислам дека на сите веројатно им е лошо да ме гледаат во моментов. Можеби треба да се тргнам од екранот некое време. Искрено, ако прерано снимав друг филм, луѓето ќе рекоа: ‘Повторно таа ? Цело лето ја гледаме, не сакаме повторно’. Не знам кој е мојот следен потег“, изјавила актерката.

Маргот Роби

Подоцна во интервјуто таа изјавила дека има амбиции да режира свој филм.

Многу сакам да режирам. Последните седум години чувствувам дека сакам да режирам. Но, тоа секогаш го гледав како привилегија, а не како право“, вели таа.

Маргот Роби

Полека работев на чувството дека заслужувам да режирам. Тешко е затоа што имав среќа да работам и да учам од толку многу големи режисери. Често, кога ќе ми дојде некој проект, си помислувам: Зарем не би било прекрасно да глумам во него само за да видам како го режираат“, вели Маргот Роби.

Таа додава дека навистина е подарок што можела да го научи најдоброто од најдобрите режисери, меѓу кои Грета Гервиг и Мартин Скорсезе.

Маргот Роби

Не брзам бидејќи чувствувам дека никогаш нема да има доволно време да ги научам сите работи што сакам да ги научам пред да се осмелам на тој чекор, но дефинитивно сакам да го направам тоа“, изјави таа.

кариераМаргот Робифилм