Британската актерка Миа Гот, благодарение на својата предизвикувачка фигура, привлече внимание на премиерата на „Франкенштајн“ од Гиљермо дел Торо на 69-тото издание на Лондонскиот филмски фестивал BFI.
За оваа пригода, таа избра проѕирен фустан во виолетова боја, под кој се гледаше долна облека. Оваа креација е исечена одзади. Изгледот го надополни со фризура, едноставна шминка, обетки и нараквица.
На црвениот тепих ѝ се придружија нејзините колеги со кои работеше на гореспоменатиот филм, Џејкоб Елорди и Оскар Исак.
Од објавувањето на романот на Мери Шели во 1818 година, приказната за Франкенштајн инспирирала стотици филмови, ТВ серии и стрипови. На Оскар му е доделена главната улога на Франкенштајн во новата адаптација на Гилермо дел Торо, додека Џејкоб го игра неговото Суштество.
Миа Гот ја игра Елизабет. Таа рече дека била многу нервозна поради соработката со Гилермо дел Торо.
„Беше премногу за мене. Постојано си мислев: „Гиљермо дел Торо го снима „Франкенштајн“, филмот што отсекогаш сум сакала тој да го направи и јас ќе бидам дел од него. Толку се плашев дека ќе бидам единствената што е лоша и ќе го уништам“, изјави таа за Variety.
„Франкенштајн“ наскоро ќе биде достапен на Netflix.