Сидни Свини, актерката која ја мамеше публиката не само со својот талент, туку и со својата бујна биста, повторно крена прашина со провокативна објава на Инстаграм.
Сидни Свини , актерка позната по својата неверојатна фигура и огромна биста, стана миленичка на многумина токму поради нејзините атрибути, а нејзините гради сега се нејзиниот главен адут.
Таа неодамна предизвика голема бура на социјалните мрежи со објава која ги остави мажите без здив – целосно гола во када!
Сидни Свини, ѕвездата на сериите „Еуфорија“ и „Белиот лотос“, не престанува да ги шокира и воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи. Актерката, која неодамна беше прогласена за жена на годината во Glamour, ја краси и насловната страница на престижното списание. Иако нејзината кариера вртоглаво расте, многумина тврдат дека нејзиното најголемо внимание е насочено кон физичкиот изглед, особено на бујната биста која стана нејзин заштитен знак.
Во најновата серија фотографии објавени на Инстаграм, Свини позирала целосно гола во када, промовирајќи нова линија на производи за нега на тело. Интернетот „експлодира“ откако нејзините обожаватели ги видоа овие снимки, а не недостигаа коментари за нејзиниот изглед.
– Мажите се без памет – гласи еден коментар.
– Ова е најдобриот маркетиншки потег што сме го виделе – само дел од коментарите под нејзините објави.
Актерката е позната по тоа што отворено ги користи своите атрибути како средство за привлекување внимание, а многу експерти се согласуваат дека нејзините бујни гради се клучен дел од нејзиниот имиџ.
– Нејзините пропорции се речиси совршени, а „златниот пресек“ не се однесува само на лицето туку и на фигурата – објасни познатиот пластичен хирург Онур Гилеар.
Според него, Сидни Свини ги исполнува сите критериуми за совршени пропорции – од лицето до облините кои станаа синоним за нејзиниот сексапил.
Покрај тоа што доминира на социјалните мрежи и насловите, Свини не пропушта прилика да ја покаже својата деловна страна. Оваа актерка се почесто влегува во модниот свет, а нејзините обожаватели со нетрпение го следат секој нов проект.