Актерот е целосно непрепознатлив: Со месеци не излегува од дома, изгледа запоставено и депресивно а беше голема ѕвезда (фото)

Мет Лебланк е снимен како излегува од продавница во Лос Анџелес, фановите cè уште се загрижени за него.

Ѕвездата од серијата „Пријатели“ неодамна се пофали како станал шеф на компанија задолжена за егзотични автомобили. И покрај оваа улога, тој сепак самиот се грижи да набави намирници, а беше снимен пред локална самопослуга како носи кеси.

Меѓутоа, во споредба со неговите поранешни денови како Џои Трибиани, Лебланк изгледа запуштено, што многу фанови и колеги се загрижени за него.

Некогаш виткиот Ле Блан денес е тешко да се препознае под брадата и спортските панталони, а една од причините е смртта на неговиот пријател и колега Метју Пери, кој почина во 2023 година.

Последната актерска работа актерот ја имаше во 2020 година, кога заврши снимањето на ситкомот „Човек со план“.