Активна кампања на измами последниве денови – Принц од Нигерија, вујко од Америка, крипто од Британија

Македонските граѓани во последните денови се цел на измами. Она што може да го слушнат откако ќе добијат повици од непознати лица дека парите припаѓале на принц од Нигерија, вујко од Америка или по ново крипто валути од Британија.

Корисникот на социјалната мрежа „Х“, Спировски ваквата појава ја опишува како измама која е добро позната и трае со децениии. Според него се, се сведува на убедување на жртвата дека има големи пари кои треба да ги добие, и за тоа прво треба да плати некаква провизија.

„Секако, жртвата може да плати, еднаш или дури повеќе пати ако е доволно наивна. Но пари нема да добие.Стандардните правила на измама важат: измамникот секогаш ви се јавува вам, никогаш не дозволува да му се јавите. Името на компанијата кое го дава е лажно или можеби постои но нема врска со измамата Секогаш работите на интернет, не преку финансиски компании во Македонија.Порано оваа измама се базираше на Принцот од Нигерија, или починат вујко од Америка и нивно богатство. Сега се актуелизира со крипто валутите кои скокаат во вредност. Многу помага и вештачката интелигенција која овозможува преведување во живо на Македонски“, пишува Спировски.

Тој појаснува дека повиците доаѓаат од македонски и странски телефонски броеви каде измамникот зборува на македонски нејасен акцент. Како што вели тој приказната е едноставна: “имате неактивна сметка од 2017 со Биткоин, која сега вреди стотици илјади евра. Ќе ја затвориме сметката, ќе ги изгубите парите”

„Измамникот ја води жртвата да се полакоми за парите (кои не постојат). Во најосновната измама, за жртвата да ги добие парите, измамникот бара да се плати некаква провизија. Во понапредни верзии, измамникот прво ќе ги украде личните податоци – ќе ја води жртвата да се регистрира на некаква “платформа”, да даде лични податоци и слики од документи. Потоа следи број на кредитната картичка, или crypto wallet и дозволи да влечат средства од таму.Сѐ додека жртвата верува, измамникот ќе измислува нови и нови провизии и “административни проблеми” за да извлече уште повеќе пари. Потоа, исто како Конти, ќе исчезне. Сосе “платформата” преку која ви ги собрале податоците, картичката и парите“, пишува во неговиот пост на социјалната мрежа „Х“

Тој за крај потенцира дека ваквите работи се премногу добри да бидат вистините. Како што кажува тој самиот „Нема пари кои некој сака да ви ги даде. Не сте инвестирале во крипто додека сте спиеле“.