– Во рамки на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“, партиската потпретседателка Гордана Димитриеска Кочоска ги посети Тумчевиште, Галате, Вруток и Беловиште, каде со граѓаните разговараше за нивните проблеми, но и за решенија кои ќе влезат во програмата на партијата.
– Доаѓаат парламентарни избори, ние сме со граѓаните, ние го пренесуваме гласот на народот и во Собрание и секаде каде што можеме и во исто време спремаме програми кои ќе бидат прифатливи за нашите граѓани, рече Димитриеска Кочоска.
Таа нагласи дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува и го реализира, порачувајќи им на граѓаните да не губат надеж затоа што во земјава има потенцијал и луѓе кои знаат како да ја извадат на вистинскиот пат, кој ќе значи подобар живот за секого.