Алармантни податоци – над 62% од жените во Македонија биле жртви на сајбер насилство

Секоја втора од три жени во Македонија се соочила со демнење , закани, навреди, но и физичко насилство што не става на четвртото место во регионот.

Сајбер насилството е најиразено. Според истражување на ОБСЕ, 62,8 проценти од жените кај нас барем еднаш се соочиле со онлан малтретирање, а во голем дел од случаите биле објавувани и експлицитни содржини. Состојбата е критична особено во средните училишта каде според истражувањата 78% од испитаниците биле жртви на онлајн насилство. Но не сите млади девојки се охрарабруваат да пријават воознемирување. Министерката за образование Весна Јаневска посочува дека системот на воспитување и образование има воспоставено механизми за спречување и справување со насиство, вклучително и насилство врз девојчињата и девојки. Јаневска рече дека од почетокот на учебната година до министерството се пристигнати 15 пријави за ваков тип на насилство, но нагласи дека преку алатката prijavinasilstvo@mon.gov.mk учениците можат да пријават било каков вид на насилство.

“Сите ученици и ученички да пријавуваат насилство во каква било форма. Пријавувањето може да го прават на електронската форма prijavinasilstvo@mon.gov.mk директно до педагошката служба или во државниот просветен инспекторат. 15-тина такви пријави имаме од почетокот на учебната година и по сите е постапено соодветно” потенцираше Јаневска.

Според Жаклина Пешевска претседателка на комисијата за еднакви можности вакавата состојба е резултат на спората имплементација на законите, но најави и низа на реформи кои ќе бидат разгледани од страна на комисијата со која преседава.

“Самостојно за прв пат ја иницираме јавната расправа, токму утре кога и започнува шеснаест дневниот активизам со цел да се поттикнат идни активности и препораки од коишто ќе произлезат од таа јавна расправа и нема да бидат само декларативни расправи, туку, ќе бидат конкретни чекори за институциите,, потенцираше Пешевска.

Претседателката на државава, Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека мора да се развиваат механизми за спречување на родово насилство со кои ќе се едуцира наелението уште од најамала возраст. Според неа проблемот не е само локален или регионалан, туку напротив тој е светски и ги засега сите жени кои барем еднаш се соочиле со физички или психичко родово базирано насилство.

“Не им треба ним само наша емпатија, потребни се конкретни услуги, засолниште, бесплатна правна помош, потребна им е социјално-психолошка помош, поддршка за повторно да си го изградат животот што без нивна волја бил урнат” нагласи Силјановска-Дафкова.

На настанот кој го организираше ОБСЕ беше потпишана декларација со 10 точки која ќе започне да се имплементира од 2025 година и треба да им помогне на жртвите од секаков вид насилство, но и да ги едуцира граѓаните.