Температурата во Хрватска и Словенија за неполни 24 часа веќе падна за 20 степени !
Студениот фронт, кој во вторникот официјално пристигна во Хрватска преку Словенија, донесе снег во Загорје, каде само два дена претходно температурата беше и до 30 степени!
–Снег врне како лудо. Почна околу 13 часот и 15 минути – изјавил жител на Горњи Јесење.
Силниот ветер досега собори неколку дрвја во Загреб и направи мала штета на истокот на Хрватска. Според локалните медиуми, ветерот во Загреб дува со брзина од речиси 50 км/ч.
Државниот хидрометеоролошки завод објави претходно предупредување во кое предупредуваат на пад на температурата и промена на времето. ДХМЗ прогласи тревога за цела Хрватска, додека црвен тревога е прогласена за областа Кварнер и Кварнериќи и Велебитскиот канал, што значи дека времето е исклучително опасно.
Снег камерите забележаа и на граничниот премин Мацељ кон Словенија.
– Страшно, колку и да беше 30 степени во април, ни ова не е нормално. Скоро 20 степени е пониско од вчера… Мора повторно да го вклучиме греењето, си го спакував зимскиот капут, сега треба да го извадам – изјави еден жител на Осиек.
Пожарникарите потоа имаа полни раце работа во Осиек поради паднати дрвја и скршени гранки.
Снегот ги изненади и жителите на Словенија.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како паѓа обилен снег во Целје, додека локалните медиуми јавуваат дека на високите планини веќе е формирана снежна покривка. Снег паѓа и врз Рогла.
Агенцијата за животна средина на Република Словенија издаде портокалово предупредување и наведе дека на планините повисоки од 800 метри може да се очекуваат околу 20 сантиметри снег.
Според метеоролозите снег се очекува и на планините во Босна и Херцеговина.