Зика, денга и Кримско-конго хеморагична треска (CCHF) на крајот ќе се рашират низ британската почва, тврдат експертите. Со научно истражување утврдиле дека овие болести и се закануваат на Велика Британија поради климатските промени и зголемените температури, кои резултирале со поголем број на комарци и крлежи кои ги пренесуваат овие болести, пишува Daily Mail.
Една од нивните најголеми грижи е треската во долината Рифт – болест со стапка на смртност од речиси 40 проценти. Особено е опасно што првичните инфекции би можеле да поминат под радарот на докторите кои не се запознаени со „странските“ патогени.
Светската здравствена организација (СЗО) го наведе CCHF како една од нејзините приоритетни болести, која веќе стигна и во Франција. Џејмс Вуд, првиот човек на ветеринарна медицина на Универзитетот во Кембриџ, им рекол на пратениците од Комитетот за наука, иновации и технологија дека CCHF е многу веројатно да стигне до Велика Британија во иднина.
„Некои инфекции кои се пренесуваат преку крлежи, како што е Кримско-конгонската хеморагична треска, е многу веројатно да се шират низ Велика Британија во одреден момент. Постојат инфекции кои се пренесуваат преку комарци, како што е треската од долината Рифт, кои би можеле да се појават следно“, предупредува Џејмс Вуд.
Треската од долината Рифт (РВФ) може да убие дури половина од заразените пациенти.
„Раното откривање на болестите ќе биде предизвик бидејќи нашите доктори не се обучени за откривање на овие болести“, додава тој.
„Вирусите што се пренесуваат преку членконоги, како што се вирусот на Денга и вирусот Зика, може да се воспостават во Велика Британија“, тврди професорот Брајан Чарлстон, директор на Институтот „Пирбрајт“, кој ги проучува заразните болести кај животните.
Климатските промени ги менуваат областите каде што може да се најдат некои вируси. Денга треската е класична болест на Јужна Америка и Југоисточна Азија, а сега се појави и во Медитеранот. СЗО ги назначи CCHF, RVF и Zika како болести кои можат да предизвикаат пандемија во иднина.
Вирусот што го пренесуваат комарците предизвика глобална пандемија во 2016 година кога милиони се заразија и голем број деца се родени со вродени дефекти како што е микроцефалијата – помал обем на главата. До 2016 година, повеќе од 80 земји се соочија со појава на Зика. Вообичаени симптоми вклучуваат висока температура, главоболка, болки во зглобовите и мускулите, црвени очи и отечени зглобови.
Денга треската е уште една вирусна инфекција која ја пренесуваат комарците, претходно ограничена на тропска и суптропска клима. Повеќето случаи поминуваат со симптоми слични на грип, но некои инфекции може да бидат фатални.