Во петокот наутро неидентификуван летечки објект навлезе во воздушниот простор на Полска, земја-членка на НАТО, од правец на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на полската Армија, пренесуваат тамошните медиуми.
„Од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот, бил следен од радари за против-воздушна одбрана“, соопшти Оперативната команда на социјалната мрежа Х (Твитер).
Приватната телевизија „Република“ објави дека објектот се барал во близина на градот Хрубиесов во јужна Полска. Медиумската агенција Reuters не можеше веднаш да ја потврди оваа информација.
„Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизира расположливите сили и средства со кои располага“, стои во објавата.
Русија изврши воздушен напад во текот на ноќта против Украина, испраќајќи 158 беспилотни летала и проектили во најголемиот воздушен напад од почетокот на сеопфатната инвазија, насочени кон критичната инфраструктура, индустријата и воените објекти, соопшти украинската Армија.