Армијата на Романија во текот на ноќта утврдила можно неовластено навлегување во воздушниот простор на државата, кога руските сили извршиле нова серија напади врз некои цели во Украина, соопшти Министерството за национална одбрана.
Според соопштението на министерството, ноќта меѓу 29. и 30. септември, по откривање на групи дронови кои се упатиле кон украинска територија, во близина на границата со Романија, биле предупредени жителите на општините Тулчеа и Галати.
„Радарскиот контролен систем укажа на можно неовластено влегување во националниот воздушен простор со сигнал откриен на рутата кон општина Галати“, се нагласува соопштението.
Од Министерството за одбрана на Романија соопштија и дека до сега не се идентификувани објекти кои паднале од воздушниот простор на државната територија, а потрагата ќе продолжи и денеска.
Во 01:41 часот беше прогласен прекин на алармните мерки во сите погодени подрачја, а Министерството во реално време им извести на сојузниците на НАТО за ситуациите предизвикани од овие напади, се вели во соопштението.
Министерство исто така објави дека доколку упадот на дронот биде потврден и идентификуван, тоа ќе биде четврти ваков инцидент.