Нова драма
Заменик-шефот на рускиот центар за помирување на конфликтните страни во Сирија , Олег Гуринов , изјави дека американските дронови MQ-9 „опасно се приближиле“ до руските авиони во Сирија.
Посебно сме загрижени што на небото речиси дошло до судир меѓу MQ-9 и руските авиони во близина на Ал Баб – рече Гуринов, пренесе ТАСС.
Според него, биле пријавени неколку случаи кога коалициските беспилотни летала ги вклучиле системите за водење на стрелаштвото на руските авиони, автоматски вклучувајќи ги и нивните одбранбени системи.
– Руските пилоти уште еднаш демонстрираа високо ниво на професионализам и презедоа навремени мерки за да спречат судири со коалициските беспилотни летала – нагласи Гуринов.
Тој рече дека од 9 декември 2019 година, во Сирија се пријавени десет прекршувања на протоколот за деконфликт од коалициските беспилотни летала во Сирија, вклучително и едно во претходните 24 часа.