Заврши обдукцијата на телото на Албанецот (33 г.) кој е убиен од својот шура откако дознал дека девет години му ја малтретирал сексуално неговата ќерка.
Од вештачењето било утврдено дека имал прострелна рана во стомакот, како и хематом на главата што му настанал кога шурата го удрил со пушка во главата.
Девојчето наводно му кажало на својот татко дека била сексуално злоставувана од својата деветта година, а силувањето се случило на возраст од 12 до 14 години. Кога имала 14 години, веројатно му рекла дека се ќе открие доколку продолжи да инсистира на тоа, но кога ќе му требале пари, тој се враќал и ја уценувал со видеа.
Адвокатот на таткото рекол дека девојчето им кажало на сестрите за сексуалното вознемирување, а не за силувањето, но не именувала никого.
Според адвокатот, во понеделникот наутро таткото сакал да дознае што се случило со парите за кирија. Откако разговарал со неговата ќерка, таа му признала дека била силувана и уценувана но не го открила сторителот.
„Потоа, тие дојдоа кај мене да видат како ќе се справиме со проблемот. Се подготвувавме да поднесеме тужба, очекувавме таа да ни каже кое е лицето. Таткото открил кој е рано во вторникот наутро, откако ја притиснал својата ќерка да му каже“, рекол адвокатот.
Според неговите зборови, девојката имала снимки на кои 33-годишникот ја уценувал, но таа не му ги покажала на нејзиниот татко.
„Наместо тоа, таа му покажа пораки што го докажуваат она што го вели“, додал адвокатот.
Адвокатот немал контакт со таткото од вторникот наутро, кога го дознал името на силувачот, до вторникот попладне.
„По инцидентот беше во трагична состојба, ми кажа што се случило и јас го советував да ги извести надлежните и да се предаде“, заклучил адвокатот.