АЛБАНЕЦ КУПИЛ ДЕТЕ (8) ЗА 900 ЕВРА И ГО МАЧЕЛ НА ГНАСЕН НАЧИН: Надлежните трагаат по малото момче – се сомневаат на најлошото!

Грчката полиција уапси 56-годишен Албанец кој е осомничен дека купил осумгодишно дете и го принудил да проси во Атина.

Пред неколку дена грчките власти добија црвена меѓународна потерница од Интерпол во Албанија, со која трагаат по 56-годишен маж кој во таа земја е осуден на 15 години затвор за трговија со луѓе.

Кога татичката полиција добила дојава дека се наоѓа на територијата на нивната земја, во Атина, веднаш ги алармирала службите да го лоцираат. Набрзо бил пронајден и уапсен во Патисија.

– При апсењето не пружил отпор – соопшти полицијата.

Полициски извори наведуваат дека 56-годишникот е обвинет дека купил дете од сиромашно семејство во Албанија, поточно во Тирана. Се наведува дека платил 100.000 албански леки или околу 900 евра.

Потоа, незаконски и со употреба на сила, превезол осумгодишно момче во Атина, каде го принудил да проси во централните делови на главниот град, за да му врачи пари.

Веќе се започнати постапки за екстрадиција на уапсениот во Албанија. Сепак, грчките власти се уште не знаат што се случило со 8-годишното дете.