Договорените бракови се традиција меѓу Албанците, а еден од нив, Реџеп Кастрати од село во близина на Призрен, решил повторно да се ожени кога наполнил 61 година. Потоа купил млада Албанка да му биде сопруга. Како што претходно изјави за тамошните медиуми, за својата идна сопруга издвоил дури 3.000 евра.
Тој тогаш рекол дека чека 35-годишна жена, а му донеле 19-годишна девојка.Приказната за овој човек е уште поинтересна бидејќи со првата сопруга, која починала во 2000 година, имал 12 ќерки.
Сите ќерки му се мажени, а пред неколку години имал дури 50 внуци, додека последните информации не се познати.
Со сегашната нова сопруга Валентина, го добил својот прв син, кого го нарекле Диамант. Оваа неверојатна приказна беше актуелна пред повеќе од 10 години, а не се знае што се случува сега со актерите.
Зголемен е бројот на Албанки кои се мажат во Србија
Во последните години сме сведоци на чести бракови меѓу Албанки и Срби. Момците кои носат девојки од Албанија се претежно во поодминати години, а ваквата постапка ја оправдуваат со тоа што им е полесно да се венчаат така, отколку да останат сами до крајот на животот. Младите девојки не остануваат на село, гледаат да се запишат во училиште или факултет во градот за да се вработат таму и да се мажат.
Од друга страна, девојките од градот не сакаат да доаѓаат на село и затоа, меѓу другото, селата во Србија се преполни со ергени. Сè поголем број луѓе, особено потенцијалните младоженци, поддржуваат бракови со Албанки.
Нешто слично се случува и во Македонија.
Интересно е што во Албанија има многу повеќе жени отколку мажи, па шансата девојката да остане немажена е голема. Исто така кај нив поголем срам е девојката да остане немажена отколку да се омажи за маж од друга вера.
„Веќе во 2005 година направив репортажа за тоа дека Албанките се среќни што се омажиле за Срби. Тие дојдоа во јужна Србија. Нормално имаме многу неженети момци на село затоа што девојките одат во град, но после 15-20 години, како се менува и Србија и додека ги модернизираме селата, имаме интернет, добри плати, се менува и ситуацијата“, вели етнологот Јасна Јојиќ.