Полицијата во Албанија го уапсила Ергис А.(31) поради сомнение дека подолго време физички и психички ги малтретирал сопругата и нивните три деца, поради што на крајот се самоубила неговата најстара ќерка (9).
Исчезнувањето на неговата сопруга Алма и трите деца, девојчиња на 9 и 6 години и момче на 4 години, Ергис го пријавил на 2 мај. Синоќа телото на неговата најстара ќерка беше извлечено од реката Дрим.
Телото го пронашол рибар и го донел на брегот. Наводно, лицето на девојчето било покриено со модринки. Полицијата стравува дека Алма заедно со децата решиле „да стават крај на маките“. Полицијата сега трага во Дрим по мајката и уште две деца.
Ергис веќе и’ е познат на полицијата и претходно бил уапсен поради шверц на дрога.
„Врз основа на истрагите и податоците на полициското разузнавање, се сомнева дека причина за напуштање на станот е насилството што 31-годишниот маж го извршил врз сопругата и децата, кои се осомничени дека извршиле самоубиство. На 04.05.2024 г. , 31-годишен државјанин Е.А (кој претходно бил осудуван за одгледување наркотични дроги) е уапсен за сторено кривично дело предизвикување самоубиство“, соопшти полицијата.