Албанија го забрани “TikTok” на една година: Поттикнува насилство и малтретирање, особено кај децата

Владата на Албанија донесе драстична мерка – забрана на популарната кинеска апликација “TikTok” во времетраење од една година.

Одлуката ќе стапи на сила за неколку дена и ќе важи сè додека платформата не ги имплементира потребните безбедносни и возрасни стандарди за малолетни корисници.

Министерката за национално образование и спорт, Огерта Манастирлиу, потврди дека забраната е донесена по консултација со 65.000 родители низ целата земја.

Оваа мерка следи по трагичен настан во кој ученик од основно училиште уби свој врсник, а конфликтот наводно започнал преку “TikTok”.

Премиерот Еди Рама ја најави оваа одлука уште во ноември минатата година, откако млад ученик со нож го уби 14-годишниот Мартин Ѕани во Тирана, поради расправија што започнала на социјалната мрежа.