– Албанскиот премиер Еди Рама на 20 месецов ќе отпатува во дводневна посета на Грција, во чии рамки се предвидени средби со високи грчки функционери, учество на економски форум а ќе ја отвори и неговата самостојна ликовна изложба.
-Премиерот Рама на 20 март напладне ќе пристигне во Атина и веднаш ќе ги започне средбите со министерот за надворешни работи Никос Дендиас со кој ќе има и работен ручек. На разговорите ќе присуствува и министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, како и делегација на дипломати, кои ќе разговараат за дел од договорите меѓу двете земји, кои сè уште не се финализирани, јави Топ чанел.
Истиот ден вечерта ќе ја отвори неговата самостојна изложба во „Запион Мегаро“, придружуван од неговиот колега Кирјакос Мицотакис, за да продолжи со работна вечера со него.
Следниот ден, 21 март, ќе се сретне со претседателот на грчкиот парламент, Костас Тасулас, како и со претседателката на земјата, Катерина Сакеларопулу.
Посетата на Грција албанскиот премиер во Грција ќе ја заврши на 21 попладне со неговото учество на економскиот форум Делфи, на кој ќе учествуваат стопанственици на најголемите корпорации во Грција.
Рама (59) кој од 2013 е премиер на Република Албанија, во три последователни мандати беше и градоначалник на Тирана (2000–2011), добитник е на наградата за светски градоначалник во 2004 година, а според Тајмс, тој бил еден од најзначајните европски политичари во 2005 година, по занимање е скулптор.