Албин Курти: “Имам коректни односи со Еди Рама, ние не сме виновни за одложената седница на двете влади“

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека со неговиот албански колега Еди Рама има коректни и добри односи, но дека тоа не значи дека не можат да се критикуваат, бидејќи „критиката е дел од демократијата”.

Имаме коректни,  добри односи. Станува збор за институционални одговорности кои ги имаме, но и политички и национални, но тоа не значи дека не се критикуваме или дека никогаш немаме несогласувања за ништо. Сметам дека критиката е дел од демократијата и таа треба да биде конструктивна“, изјави Албин Курти за тетовската локална телевизија Koxa.

Албин Курти го спомена и откажувањето на седницата на двете влади од страна на премиерот Еди Рама.

Штета што на 14. јуни во Ѓаковица не се одржа седницата на двете влади, која беше подготвувана со месеци, но не ја откажавме ние, напротив, ги направивме сите подготовки. Добро е што не треба да се чека наредна средба за потпишување на тие договори, што конечно, покрај Приштина, ги потпиша и официјална Тирана“, вели Албин Курти.

Албин КуртиКосовополитика