Алварез го продолжи договорот со Манчестер сити до 2028 година

– Манчестер сити на својата официјална веб-страница објави дека на напаѓачот Хулијан Алварез му е продолжен договорот до 2028 година.

– Ова е многу важен момент за мене и моето семејство. Бев многу задоволен од мојата прва сезона овде, но има уште многу што можам да направам. Знам дека можам да се подобрам и Сити ми дава се што ми е потребно за да го реализирам мојот потенцијал, изјави Алварез.

Напаѓачот е во Манчестер сити од јануари минатата година. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на 23-годишниот Аргентинец на 50 милиони евра.

Во тековната сезона, Алварез забележа 33 настапи за Граѓаните во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и три асистенции.