“АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ Е НАЈОПАСНИОТ ЧОВЕК ВО СРБИЈА!“ – Медиумите се неговата слаба страна, а ова е хорор приказната за отсечените глави која тој ‘фамозно’ ја објави: “Имам снимано се, со шефот се видовме овде…“

Додека фокусот на целиот регион е на двата неодамнешни вооружени масакри на тинејџери во Србија врз млади луѓе, еден од најеминентните весници во светот, New York Times (NYT), проблематизира и пишува за некои други врски во српското општество.

Под наслов „Претседателот, фудбалските хулигани и подземната ‘куќа на ужасот’!“, новинарот Роберт Ф. Ворт, кој претходно се занимавал со приказни како што се ирачката клептократија, утописките соништа на Саудиска Арабија и прашањето за вечните затвореници во Гвантанамо, сега се занимава и го истражува односот меѓу раководството на Србија и нејзините насилни нарко банди.

Роберт Ф. Ворт ја илустрира ситуацијата во Србија со приказна од пред две години. Во сабота вечерта, на почетокот на март 2021 година, српскиот претседател Александар Вучиќ се појави на телевизија во друштво на премиерката и министерот за внатрешни работи. Како и во последните случувања, така и тогаш тој имал што да сподели односно сакал да остави впечаток дека конците ги држи цврсто во рацете.

Тогаш, важната информација што ја сподели со граѓаните е дека е уапсена банда на подземјето која е одговорна за повеќекратни убиства во соседна Србија, а овие информации покрај претседателот ги потврди и министерот за внатрешни работи.

Српскиот претседател, според новинарот на New York Times, зборувал бавно, често застанувајќи и сериозно зјапајќи во масата пред него, со благо стуткано тело. Александар Вучиќ тогаш ја пофали полицијата и разузнавачите кои ја сузбиле и разоткриле бандата.

За влакно избегнаа самите да бидат убиени“, нагласи тогаш Александар Вучиќ.

Александар Вучиќ

Презентацијата за српската но и пошироката јавност беше навистина шокантна. Тој сподели страшни сцени т.е. фотографии од отсечени глави, тела и други тешки криминални дејствија. Но, тоа тогаш беше само почеток на кампањата на страшни откритија од страна на српските власти.

Потоа во српските медиуми протекоа информации дека, наводно, групата ги намамила своите жртви во т.н. „куќата на ужасите“ во близина на Белград. Таму биле мачени, малтертирани (распарчени), а потоа згмечени во индустриска мелница за месо, а остатоците од телата ги фрлиле во реката Дунав. Тоа беше голема и страшна приказна во Србија.

Александар Вучиќ тогаш „фамозно“ го уапси Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, за кого се тврдеше дека е водач на нарко банда, како и познат фудбалски хулиган и, наводно, дилер на кокаин. Вељко Беливук и претходно беше осомничен за голем број тешки кривични дела, вклучително и убиства, но никогаш тој не заврши во затвор. Наводно, поради добри односи со разузнавачките служби и српската полиција.

Вељко Беливук добил можност да ја раскаже својата страна од приказната на суд, зад затворени врати. Весникот New York Times пишува дека тој пред судот рекол дека неговата банда била организирана „за потребите и по налог на Александар Вучиќ“. Тој ги детално и широко тогаш ги опиша игрите зад сцената што бандата ги правела во корист за српската Влада: заплашување на политичките ривали и спречување на навивачите да скандираат против Александар Вучиќ. Тој тогаш упати и директна закана до Александар Вучиќ: „Ако Александар Вучиќ ја продолжи постапката против мене, ќе имам уште многу да кажам!

Српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш бесно ги отфрли сите овие обвинувања.

Александар Вучиќ

И покрај тоа, како што пишува новинарот на весникот, Роберт Ф. Ворт, Веља Невоља се чинело дека го сфаќа случајот лично, понекогаш сугерирајќи дека тоа е заговор против него а не против криминалот кој владее во Србија. Неколку месеци по апсењето, во едно бизарно ТВ интервју, тој тврдеше дека луѓето на Веља Невоља правеле „човечки ќебапи“ од нивните жртви и ги испраќале кај шефот на Веља Невоља, Радој Звицер. Гледајќи во камерата и обраќајќи му се на Радој Звицер, кој се уште е во бегство, Александар Вучиќ излезе со предизвик.

Го поканувам да ме убие“, кажа тогаш Александар Вучиќ и додаде дека е подобро да се претвори во мелено месо, отколку да прави такви црни криминали со луѓето кои владеат со Србија.

Како што се приближуваше судењето на Вељко Беливук, во јавноста кружеа се повеќе детали за врските меѓу бандата и администрацијата на Александар Вучиќ. Се чинеше, се наведува во написот на весникот, дека администрацијата на српскиот претседател ја следела, помогнала и заштитувала криминалната банда и дека Вељко Беливук изгледал како мрачниот близнак на претседателот, еден вид подземен автократ.

Вељко Беливук

Американските медиуми пишуваат дека Александар Вучиќ како претседател од 2017 година често нагласувал дека сака да ја води земјата кон просперитет и членство во Европската унија, но во исто време уништил многу демократски институции кои се неопходни за остварување на тој ‘сон’. Покрај тоа, банди, како мафијата, шетале низ земјата и поминувале неказнето. Криминалот, кој процвета за време на владеењето на Александар Вучиќ, пишува New York Times, заедно со повремените српски закани за „заштита“ на етничките Срби на други места во регионот, вклучително и Хрватска и БиХ, на крајот би можеле да ја разоткријат „тајната“ што го врати мирот на територијата на поранешна Југославија во 1995 година. Сепак, весникот додава дека целата приказна е и област на конфликт меѓу Истокот и Западот. Европејците се свесни што се случува во Србија, како и претседателот на РусијаВладимир Путин.

Кремљ има долга историја на поддршка на српските националисти како опколени словенски сонародници и повеќе од кога било има мотиви за тоа – благодарение на војната во Украина – да предизвика проблеми на Балканот“, пишува новинарот Роберт Ф. Ворт.

Владимир Путин и Александар Вучиќ

За Европа политичките ризици во Србија се многу подлабоки. Брендот на етнички шовинизам и демагогија на Александар Вучиќ звучи како оној на Владимир Путин, а проблемот овде е ширењето на нелибералната демократија само како фасада, под која вистинската моќ ја држи комбинацијата на политика и криминал кои владеат заедно во СрбијаNew York Times пишува дека тоа е истата тактика што ја користеа оние кои го водеа Балканот во катастрофална војна пред три децении.

Од почетокот нашата банда беше државен проект“, открил Вељко Беливук веднаш штом се појавил на судењето по неговото фамозно апсење. Потоа тој ги рецитираше услугите што ги понудиле на Александар Вучиќ.

Вељко Беливук ја навел и улицата, бројот на станот и името на сопственикот на приватната куќа во Белград каде што еднаш се сретнал со Александар Вучиќ.

Затоа што, како што кажа газдата, ако некој не видел или снимал, не би му било добро“, рекол Вељко Беливук пред судот.

Александар Вучиќ веднаш ги отфрли обвинувањата, па дури и понуди да разговара за нив со истражителите и да направи тест за детектор на лаги. Правно гледано, тој веројатно нема да настрада од судењето. Ниту еден висок функционер не е обвинет, а многу малку се дури и сослушани во вакви случаи ширум светот.

Важноста на случајот Вељко Беливук лежи во друго. Ова ја принуди цела Србија да се соочи со обилните посредни докази дека Александар Вучиќ дозволил гангстерите да станат десна рака на државата. Поддршката што Вељко Беливук и неговите соработници ја добивале од полицијата и МВР во изминатата деценија е опширно документирана во судски сведоштва, прислушувани телефонски разговори и фотографии. Луѓето станаа посвесни дека сето ова не можело да се случи без знаење на Александар Вучиќ. Тој ги реорганизираше безбедносните служби пред да стане претседател од премиер. Според New York Times, тој ужива почит од „лижачи“ во сите сегменти на администрацијата.

Вељко Беливук

Сето ова не се случило поради акциите на српските институции, но апсењето на Вељко Беливук и неговата група веројатно најмногу влијаело нешто врз кое Александар Вучиќ немал контрола туку истата ја превземале европските полициски функционери.

Тие поминаа две години обидувајќи се да ја дешифрираат апликацијата за телефонски пораки наречена Sky ECC, која била омилена алатка на шверцерите на кокаин во северноевропските контејнерски пристаништа. Кога конечно ја пробија шифрата, открија многу повеќе од локален синџир на кокаин. Со најмалку 70.000 корисници, Sky ECC се покажа како тајна апликација на глобализираниот свет на организираниот криминал.

Како да сте стоеле пред куќа во мрак, а сега сте влегле внатре и сте ги запалиле светлата“, изјавил функционер од Европол, огранокот на ЕУ за спроведување на законот за овие откритија.

Се покажало дека голем дел од доказите од Sky ECC биле од Србија и други делови на Балканот. Службеник на француското МВР изјави дека српското МВР апсењата ги извршило неволно и не по нивна желба. Неколку дена претходно, на водачите на бандата им било дозволено да побегнат во Црна Гора, која е опишана како центар за трговија со дрога. Тамошните власти изјавија дека спречиле ликвидација на членовите на бандата и дека зад заговорот стојат „одредени безбедносни структури“ во Србија.

New York Times пишува дека српските фудбалски хулигани и криминални групи шират нестабилност не само во Србија, туку и во регионот. Весникот предупредува дека некои од нив изразуваат лојалност кон Русија, а некои од овие луѓе се придружија на криминалната приватна воена група ВагнерАлександар Вучиќ, пак, ова јавно го критикува, но се позиционира како линија на поделба меѓу Русија и Западот, во многу моќна позиција. Избира помеѓу стабилизација и дестабилизација. а тоа може да се види во Косово, Црна Гора и БиХ.

New York Times пишува дека Александар Вучиќ ја користи оваа тактика за побрзо да влезе во ЕУ. Весникот предупредува дека таквото сценарио, кое тој го нарекува „тројански коњ“, добива кредибилитет поради нелибералниот унгарски премиер Виктор Орбан, близок сојузник на Александар Вучиќ кој редовно лобира за прием на Србија во европското семејство. Виктор Орбан работи и на разбивање на демократските институции во Унгарија, додека ја одржува фасадата на демократијата. Виктор Орбан можеби се надева дека Србија може да и помогне на Унгарија да ја насочи ЕУ кон популистички и помалку демократски правец на развој.

Александар Вучиќ и Виктор Орбан

Сивата зона меѓу државата и мафијата во Србија е вистинска“, пишува новинарот на New York Times.

Новинарот додава дека на Александар Вучиќ не може да му се замери дека создал варварство на страв и ендемичен криминал. Според американските медиуми, ова е синоним за Балканот и кратенка за етничка омраза и насилство.

Но Александар Вучиќ има демагошка дарба да им вдахне нов живот на понижувачките стереотипи. Тој брилијантно го искористи проблемот на мафијата во Србија, создавајќи амбиент во кој нејасната граница меѓу организираниот криминал и државата игра во негова корист“, пишува New York Times.

Не случајно што и Александар Вучиќ и Вељко Беливук своите почетоци ги имаат во навивачките групи. Мртвите љубители на фудбалот се гледаат од насликаните мурали низ цел Белград, покрај плакети, статуи и други споменици кои сведочат за нивниот статус на еден вид „восхит“. Хулиганите беа меѓу првите кои влегоа во војна на почетокот на 1990-тите години, а а токму тие беа тие што му дадоа мускули на движењето за соборување на моќникот Слободан Милошевиќ една деценија подоцна. Оттогаш српските политичари се плашат од стадионот и се обидуваат да ги задржат хулиганите на своја страна.

Александар Вучиќ кажа дека бил на трибините за време на легендарната фудбалска тепачка во 1990 година, која понекогаш се опишува како вистински почеток на балканските војни. Тоа се случи на натпреварот меѓу Црвена Ѕвезда и Динамо Загреб, а брзо прерасна во метеж што го поплави целиот стадион. Навивачите од двете страни биле очигледно подготвени за битка: на стадионот биле натрупани камења, подготвени за фрлање. Неколку децении подоцна, српските медиуми објавија матни фотографии од натпреварот на кои во публиката се гледа слаб млад човек, идентификуван како Александар Вучиќ.

Ако фудбалскиот стадион го обликуваше ликот на Александар Вучиќ, тогаш тој ја научил политиката во војната. Штотуку го завршил правниот факултет во 1991 година, тој станал чирак кај екстремно десничарскиот српски политичар по име Воислав Шешељ. Истата година Словенија и Хрватска ја прогласија својата независност, што предизвика повремени и брутални конфликти кои ја распаднаа Југославија на помали држави. Воислав Шешељ, поборник за етничко чистење, беше корисен за Слободан Милошевиќ, кој го претстави како доказ дека некои Срби се уште поекстремни од него.

Радикалната партија на Воислав Шешељ регрутираше милиција која стана позната по дивеењето во Србија, Босна и Херцеговина и источна Хрватска, каде што ограбуваа, мачеа, убиваа и протеруваа несрпски цивили. Воислав Шешељ еднаш рекол дека неговите луѓе ќе им ги извадат очите на непријателите со ‘рѓосани лажици, иако подоцна тврдел дека тоа е црн хумор. Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг на крајот го обвини и го осуди за злосторства против човештвото.

Александар Вучиќ беше ентузијастички поддржувач на партијата на Воислав Шешељ, а набрзо стана и најмладиот претставник во српскиот парламент. Во 1995 година, неколку дена по масакрот на речиси 8.000 босански муслимани околу Сребреница, Александар Вучиќ одржа говор во кој изјави: „Ако не бомбардирате, ако убиете еден Србин, ќе убиеме по сто муслимани“.

Во децениите оттогаш, Александар Вучиќ никогаш целосно не се извини за злосторствата извршени во името на Србија или за неговата реторика. Некои осудени воени злосторници ги третираше како херои откако беа ослободени од странски затвори.

Во 1998 година, Александар Вучиќ стана министер за информации на Слободан Милошевиќ, што беше негова прва позиција во реалната власт. Тој водеше значителна акција против печатот, наметнувајќи огромни казни за организациите кои ја критикуваа Владата. Тоа беше почеток на преокупацијата со медиумите што ќе помогне да се дефинира политичката кариера на Александар Вучиќ.

Токму фудбалските хулигани упаднаа во Собранието на Србија на 5. октомври 2000 година, една недела по уличните протести. Слободан Милошевиќ дал оставка следната вечер, а Србите накратко биле во „спасени“. Како признание за улогата што ја одиграа во неговото соборување од власт, победничката коалиција на Демократската опозиција го избриша криминалното досие на некои хулигани. Еуфоријата набрзо исчезна. Економијата на Србија беше руина, а Европската унија немаше намера да ја спаси земјата, која се смета за жариште на несакани воени злосторници.

Томислав Николиќ и Александар Вучиќ

За Александар Вучиќ, падот на Слободан Милошевиќ значеше момент на длабока неизвесност за неговата сопствена политичка иднина. Години подоцна, тој дал необично интервју кое укажувало на неговите чувства на лутина и осуетена амбиција.

Седев дома и го видов тоа како трагедија за српскиот народ. Потоа излегов надвор, ме нападнаа некои наркомани, па морав да ги претепам“, изјавил Александар Вучиќ во едно интервју.

Српскиот национален идентитет е обликуван со векови со чувство на загуба и ранета гордост. Србија била под власт на Отоманската империја речиси 500 години. Овие чувства повторно се разбудија во текот на 1990-тите години, кога многу Срби веруваа дека неправедно биле прикажани како негативци на сложената граѓанска војна. Тие, исто така, беа длабоко навредени од кампањата за бомбардирање на НАТО предводена од САД во 1999 година, која ја протера српската армија од Косово, откако беше обвинета за етничко чистење и убиство. Тоа протерување му овозможи на Косово, кое некогаш се сметаше за срцето на Србија, да стане независно, што е уште еден удар за Србите.

Александар Вучиќ и неговата Радикална партија станаа знаменитости на насобраното непријателство во нивната земја. Во 2007 година, Александар Вучиќ предводеше група демонстранти за поддршка на Ратко Младиќ, воен командант кој понекогаш се нарекува и „балканскиот џелат“. Една година подоцна, кога воениот водач на босанските Срби Радован Караџиќ беше уапсен, Александар Вучиќ повторно се најде на улица, а полицијата го малтретираше.

Изгледа како многу оркестрирано насилство во земја каде што насилството сега го зафати најранливиот слој на општеството – децата.

Александар ВучиќВељко БеливукВоислав ШешељвојнаисторијаЈугославијаКосовокриминалполитикаСлободан МилошевиќСрбија