Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се запраша дали да се откаже од својот кум затоа што имаат различни политички ставови, бидејќи јавно беше нападнат затоа што се „пијанчел“ на свадбата на синот на Воислав Шешељ, каде меѓу другото се слушале песни посветени на Павло Ѓуришиќ.
Александар Вучиќ во таа прилика изјавил:
„Пред пет месеци добив покана од семејството Шешељ за црковна венчавка и крштевка на децата на која не можев да присуствувам, но тие одржаа свечен ручек во еден ресторан каде што одамна не сум бил. Семејството Шешељ убаво организираше се, имаше околу 200 луѓе. Сите стари кумови ги ставија на една маса во ќошот, но не од непочитување, туку затоа што моето обезбедување кажа дека тоа им е најзгодно место. На масата бевме старите кумови Лешиќ, Вујиќ, новиот кум Милован Бојиќ, јас и татко ми и син ми. Седев околу час, донесов подарок, честитав и си заминав“.
Александар Вучиќ додал дека во таа прилика не јадел ништо и испил два сока.
„Велат дека сум се напил, а јас испив два сока. Никогаш не сте ме виделе пијан и нема да ме видите“, тврди Александар Вучиќ по објавеното видео кое предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Александар Вучиќ за крај додал: „Беа прекрасни домаќини. Јадранка ја немам видено 100 години, ниту нејзината сестра Нина. Не знам дали би ги препознал Владимир и Михајло на улица“.