Претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ во своето денешно обраќање ги потсети граѓаните на Србија дека е неопходно да се зачува мирот и да се работи на подобрување на односите со Албанците.
Тој најави дека ќе продолжат да работат на нормализација на односите, но дека цврсто ќе се држат до нивните црвени линии, како што веќе и правеле. Тој вели дека е важно да се сфати колку е комплицирана ситуацијата.
„Ги повикувам граѓаните на Србија да му веруваат на своето раководство, не мора да ме сакаат, не мора да ме гласаат, само треба да веруваат во патриотизмот и посветеноста на нивниот државен врв. Знам што правам. Никогаш нема да направам ништо тајно бидејќи нема ништо тајно, сите договори се целосно достапни. Тактички секогаш бевме супериорни, но суштински секогаш губевме. Ако објективно ги анализирате резултатите, ќе видите дека е малку поинаку. Бидејќи не ме интересира да бидам сакан, ме интересираат само моите три деца, мојата работа е да ја напуштам Србија со најдобри резултати како претседател на републиката. Знам што треба да правиме! Мирот не е сè, но без мир немате ништо“, порача Вучиќ