Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

 – Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер вечерва соопшти дека за нов тренер на клубот е избран Александар Јовиќ, додека за нов стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски. 

Од Управата на РК Еурофарм Пелистер посочија дека изборот на Јовиќ, досегашен тренер на Еурофарм Пелистер-2, е најдоброто можно решение за постигнувањето на главната цел оваа сезона.

Клубот наскоро ќе го објави составот на стручниот штаб и реогранизацијата на РК Еурофарм Пелистер до крајот на сезоната.