Алекс Бети, од Олдам, Голем Манчестер, кој исчезна на семејно патување во Марбела на само 11 години, е пронајден во Франција.
Поминаа шест години од киднапирањето, а момчето од Англија беше пронајдено живо и здраво.
Момчето отишло на патување со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид во октомври 2017 година. Откако семејството не се вратило од Шпанија повеќе од две недели, полицијата започнала истрага.
Бабата на Алекс и официјален старател, Сузан Каруана, која тогаш имала 62 години, шпекулирала дека тие водат „алтернативен начин на живот“ на друго место и додала дека „не сакале Алекс да оди во редовно училиште” .
По исчезнувањето на момчето, полицијата се сомневала дека Алекс во придружба на двајца возрасни заминал во Мароко, преку пристаништето Малага. Обвинителот, кој има информации дека Алекс се појавил во Франција, се посомневал дека момчето дошло самo во Ревела, во близина на Тулуз.
„ Иако не покажа никаков официјален документ на полицијата кога беше приведен, ова 17-годишно момче сам го даде својот идентитет. Неговото лице и приказна се совпаѓаат со случајот на киднапирано британско момче од 2017 година. Потоа, во четвртокот, обвинител во Тулуз го потврди тоа во случајот со Алекс Бати”, објави францускиот весник, пренесува Мирор.
Истражителите веруваат дека Алекс избегал од рурална заедница која живеела во подножјето на Пиринеите. По неколкудневно планинарење, го земал камионџија, кому му изгледал сомнителен, па повикал полиција. После тоа го испрашале и тој ја открил својата приказна.
Неговата приказна е потврдена и се чини дека одговара на реалноста. По ова рочиште, тинејџерот бил доверен на социјалните служби, додека чекал да се јават неговите роднини. Раните истраги на судската полиција во соработка со обвинителите сугерираат дека Алекс живеел во „духовна заедница“ со мајка му, а најмногу престојувал во камп приколки и шатори“, пишуваат медиумите.
Полицијата на Манчестер издаде соопштение за случајот и рече дека полицајците во Олдам се во контакт со француските власти за да се утврди автентичноста на извештајот.
„Ова е сложена и долга истрага и треба да спроведеме дополнителни истраги, како и да поставиме соодветни заштитни мерки. Алекс, кој е од Олдам и имал 11 години во времето на неговото исчезнување, ја напушти Велика Британија на 30 септември 2017 година на однапред договорен семеен одмор во Шпанија“, се вели во полициското соопштение.