Познатиот актер Алек Болдвин неодамна беше забележан во Њујорк по операција на колкот.
Имено, откако беше опериран пред две недели, Болдвин одеше со помош на бастун. Тој претходно ги информираше своите фанови за своето здравје, велејќи дека оваа операција била неверојатно болна.
Болдвин рекол дека оваа операција требало да биде пред две години и дека во тој период куцал. Тој наводно ја одложил операцијата поради деловни обврски. Дополнително, Болдвин беше подложен на операција за замена на левиот колк во 2018 година.
Сепак, веста за неговото закрепнување не наиде на позитивни реакции кај луѓето на социјалните мрежи.
„Дали си пукал и во колкот“, „Ова не би требало да е вест“, „Треба да биде во затвор“, „Никој не се грижи за него. Тој е губитник“, порачаа корисниците на социјалните мрежи.
За потсетување, на Болдвин му се судеше повеќе од една година за фаталното пукање на кинематограферката Халин Хачинс на снимањето на филмот „Рѓа“. Тој првично беше обвинет за убиство од небрежност, за што се изјасни за невин. Сепак, обвиненијата беа отфрлени во април оваа година и тој продолжува со снимањето на „Рѓа“.