– Алек Болдвин се изјасни невин по обвиненијата за убиство од небрежност на снимањето на филмот „’Рѓа“ (Rust) во американската сојузна држава Ново Мексико.
Обвинителите во Ново Мексико се откажаа од намерите да бараат петгодишна затворска казна за недозволено ракување со огнено оружје, за глумецот, во врска со смртта на Халина Хачинс на снимањето на филмот. Се очекува Болдвин утре да се појави првпат пред Судот, објави „Њујорк тајмс“.
Сега е покренат обвинителен акт само за убиство од небрежност, коешто важи за поблаго кривично дело бидејќи Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци, доколку биде прогласен за виновен.
Болдвин, инаку, е осомничен за убиство на кинематограферката Халина Хачинс, додека режисерот Џоел Соуза бeшe ранет.