Потсекретарот за јавна дипломатија и односи со јавноста во Стејт департментот на САД, Елизабет Ален, вели дека САД го поддржуваат Договорот со Грција и се разочарани што претседателката Гордана Силјановска-Давкова не го употребила уставното име Северна Македонија за време на инаугурацијата.
Потсекретарот Ален, кој викендов го посети Скопје, не сака да прејудицира што ќе се случи доколку Владата одлучи да не го почитува Договорот од Преспа.
„Се разбира дека го поддржуваме Договорот од Преспа и бевме разочарани кога видовме дека претседателот не го употреби целосното и формално име Северна Македонија. Ќе гледаме да видиме што ќе направи владата. Во постојан дијалог сме со владата која е во процес на формирање“.
„Затоа, тука не би прејудицирал никакви последици, но, се разбира, би се надевале и ги охрабруваме лидерите на Северна Македонија да се придржуваат до меѓународните договори“, рече Ален.