ФОТО | Алиев го подигна азербејџанското знаме во Нагорно Карабах

 Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев денеска го подигна азербејџанското знаме во најголемиот град во Нагорно Карабах, Ханканди, се наведува на веб-страницата на претседателот на Азербејџан.

Кај Ерменците тој град е познат како Степанакерт.

Азербејџанските сили го скршија отпорот на владата на етничките Ерменија минатиот месец, поради што околу 120.000 луѓе избегаа во Ерменија.