Алијанса за Албанците го суспендираше советникот од редовите на нивната партија во Шуто Оризари, кој беше уапсен во полициска акција и кој се сомничи дека бил дел од криминалната група Грчец.
-Ја поздравуваме акцијата на органите на редот за обезбедување владеење на правото во земјата. Секоја активност спротивна на законот мора да биде казнета, а секое лице кое е вклучено во такви дејствија, кој е наш член, е суспендиран до крајот на судењето, задржувајќи ја презумпцијата на невиност, изјавија од партијата
Тој е суспендиран од партијата, а за советничкото место ќе има процедурата.