Али Ахмети го честита 22 ноември: До вчера напредувавме, денеска мора да го заштитиме албанскиот јазик

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, им го честиташе на Албанците 22 ноември, Денот на албанската азбука. Ахмети напиша дека „до вчера работеа на унапредување на употребата на албанскиот јазик, додека денеска работат на заштита на постигнатото“.

„За мене денеска е Денот на албанскиот јазик, не само денот на азбуката на нашиот свет јазик и на конгресот во Битола. Мора да го негуваме и промовираме нашиот древен јазик, да се здружиме и да се ставиме во првите редови на напорите да го заштитиме од секојдневните напади. До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го заштитиме постигнатото“.

„Националното прашање, јазикот, знамето, унијата и интеграцијата бараат посветеност од мажи и жени идеалисти и мисионерки! Денеска сум во Швајцарија, покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници и уште еднаш да се ставиме на чело на националните процеси, заедно да го заштитиме постигнатото и да одиме напред. Честит 22 ноември, денот на азбуката на албанскиот јазик!“, напиша Али Ахмети.