Пред тоа прво ќе треба да ги исфрлат Американецот и Русинот
Карлос Алкараз обезбеди пласман во полуфиналето на УС Опен, кој беше подобар од Александар Зверев. Сега го чека дуел со Данило Медведев, а потоа евентуално финале со Новак Ѓоковиќ.
Шпанецот само беше прашан за потенцијален дуел со неговиот сегашен најголем ривал.
- Сега е поблиску отколку на почетокот на турнирот. Ние сме само на еден натпревар од тоа потенцијално финале. Може да испадне одлично, бидејќи и двајцата ги очекува тешко полуфинале. Да видиме, но и двајцата се надеваме на тоа финале – дипломатски одговори првиот на АТП листата.
Ѓоковиќ за финалето ќе се бори со Американецот Бен Шелтон, а двете полуфиналиња се закажани за петок. Финалето на турнирот во Њујорк е закажано за в недела.
Ако Новак слави, тоа ќе биде негова 24. Грен слем титула во кариерата. Алкараз во моментов има два трофеи од оог „рангот“, откако лани славеше во Њујорк, а предходно го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.