Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на УС Опен откако без поголеми проблеми славеше со 3-0 против Матео Арналди.
Алкараз првите два сета против Италијанецот ги доби со 6-3, правејќи во шестиот гем за 4:2. Арналди, конечно, стигна до брејк за 2:1 водство во третиот сет, но веднаш потоа загуби гем на свој сервис, за во осмиот гем Шпанецот да направи брејк за рутинска победа.