Шпанските медиуми прават голема врева за ова
Официјална потврда нема, но шпанските медиуми на големо пишуваат дека атрактивната Лола Марандел му „фатила око“ на првиот светски рекеткар Карлос Алкараз!
Лола е 21-годишна француска тенисерка која настапува на ИТФ турнири, додека шпанските медиуми напоменуваат дека споменатата двојка се запознала преку Инстаграм.
Наводно, таму прво почнале да разменуваат „лајкови“, а во меѓувреме преминале на повисоко ниво кога се во прашање меѓусебните пораки.
Шпанскиот портал „marie-claire.es“ дава и изјави од својот извор кога станува збор за двајцата:
– Да, тие разговараат и овој турнир во Ница би бил прв пат да се сретнат. Затоа Алкараз решил наместо на одмор да замине во Ница, по победата на Вимблдон – ова се зборовите на неименуван извор.