Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз повторно ги растажи своите фанови откако се повлече од турнирот во Барселона.
Поради повреда на мускулот на десната рака, талентираниот Шпанец не настапи ниту во Монте Карло, а сега ќе прескокне уште еден турнир.
Алкараз е во лоша ситуација, а дека состојбата не му била добра можеше да се види на последниот тренинг пред заминувањето во Барселона.
Алкараз во првото коло требаше да биде слободен, за во второто коло да игра против подобриот од дуелот Лук ван Аш – Јижен Жанг.
Треба да се напомене дека 20-годишниот Шпанец претходните две години го освојуваше турнирот во Барселона, поради што ќе загуби 500 бода.