Време е за најочекуваниот меч во годината, финалето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, закажан за 15 часот во Лондон. Се нетрпение се очекуваше и претходниот, во полуфиналето на Ролан Гарос, но сепак ова е нешто многу поголемо поради неколку причини.
Првиот и основен е директен дуел за трофејот, на Централниот терен на најголемиот турнир во светот на тенисот. Ако Карлос Алкараз беше фаворит во Париз, овде ситуацијата е значително поинаква и со години се знае кој е газда во Лондон.
Новак Ѓоковиќ е во серија од четири последовни титули. Новак ако победи, би се израмнил со Роџер Федерер (2003-07) и со Бјорн Борг (1976-80) кои победувале петпати по ред. Тој, исто така, би бил израмнет со Швајцарецот кога ќе се погледне и вкупниот број пехари во Ол Ингланд клубот, и двајцата би имале по осум.
За последниот предизвик во Лондон, Новак Ѓоковиќ вообичаено се подготвуваше вчера во комплексот Аоранги заедно со својот тим.
Нема да му биде лесно против 20-годишното момче од Мурсија. Ќе има ривал желен за реванш за Ролан Гарос.
„Можам да визуелизирам без проблеми што ме очекува во финалето. Ќе се подготвам психички, играчки и физички за голема борба, тоа дефинитивно ќе биде најтешкиот натпревар на турнирот. Ќе бидам подготвен за најсложениот судир, тој е во одлична форма. Играат светскиот рекет број еден и број два, го имавме тој квалитетен судир и во Париз.
Ќе се обидам да бидам на мојот врв од самиот почеток и да дадам сѐ што ми преостанува – ако не во финалето на Вимблдон, тогаш кога?“, изјави Ѓоковиќ.
Последен пат тоа се случи на УС Опен 2021 година, кога Данил Медведев му ја „украде“ титулата на Новак.
На претходните 20 гренслемови тоа му успеа само Доминик Тием, една година порано и на Карлос Алкараз, една година подоцна.
Новак и Карлос веќе подолго време се менуваат на врвот на АТП листата, а јасно е дека предводник на караванот од понеделник ќе биде победникот на Вимблдон.
Иако се ривали, нивната врска е полна со меѓусебно почитување. Имаше неколку ситуации во кои тоа беше на испит. Да се потсетиме на мечот на Ролан Гарос, кога шпанските новинари се обидоа да го поттикнат Алкараз против Ѓоковиќ, поради наводното непримерно славење на поенот на српскиот тенисер додека Карлитос се мачеше со грчеви.
Последниот избегнат инцидент беше токму во Лондон, кога тренингот на Новак, според самиот Алкараз, бил снимен од таткото на Карлитос.
И во двата случаи, Шпанецот и покрај младоста и неискуството со вакви ситуации, се справи со тоа на вистински начин, што дополнително ги освои симпатиите дури и на навивачите на Новак.
Видовме дека сѐ е во ред во петокот, кога се сретнаа на теренот број еден пред нивните полуфинални натпревари, каде срдечно се поздравија.
„Сите знаат каква легенда е Новак. Ќе биде исклучително тешко. Ќе се борам, тоа сум јас. Верувам во себе, ќе верувам дека можам да го победам овде. Видов дека е непобедлив од 2013 година на овој терен. Ќе биде тоа голем предизвик, но благодарен сум на шансата. Некогаш сонував да играм против играчи како Новак. Финале е, не е време за страв и умор. Ќе видиме како ќе биде“, истакна Алкараз.
Новак во Париз му ја препушти улогата на фаворит на Карлос. Но во Лондон – без проблем ја прифаќа од толку многу причини. Пред сѐ поради непобедливоста на Вимблдон и титулите кои се на негова страна.