Алкараз се намачи против Аргентинецот, но се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс!

Алкараз се намачи против Аргентинецот, но се пласираше во полуфиналето на Индијан Велс!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерсот во Индијан Велс!

Во четвртфиналето, Карлитос го победи Франциско Серундоло со 2-0 во сетови, но мораше доста да се мачи за да се пласира.

Првиот сет не беше толку неизвесен, бидејќи Алкараз доби брејк во претпоследниот, осми гем и потоа поведе со 6:3.

Сепак, вториот сет беше многу повозбудлив, бидејќи отиде во тај-брејк, но Алкараз беше поконцентриран и го доби со 7:4.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против Џек Дрејпер, кој претходно со 2-0 го совлада Тејлор Фриц.