Алкараз се пласираше во третото коло на Австралија опен, а откри и зошто двата меча ги одиграл наутро

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз рутински се пласираше во третото коло на Австралија Опен победувајќи го Јошихито Нишиока со 6:0, 6:1, 6:4, а по мечот доби многу интересно прашање од новинар.

Имено, натпреварот од првото коло против Александар Шевченко се играше претпладне, односно публиката во Род Лејвер Арената немаше можност да го проследи.

Натпреварите во Род Лејвер Арената се играат попладне и навечер, а Алкараз откри дека побарал да игра во текот на денот.

„Не сакав да играм навечер. Во овој момент кога играм ми е поважно отколку каде играм“, изјави Алкараз и додаде:

“Сакам да ја задржам силата и не сакам да играм ноќни дуели. Многу пати сум кажал дека не сакам да играм доцна, ја претпочитам дневната програма бидејќи така побрзо закрепнувам. Тоа ми е важно да се наспие добро“, изјави Алкараз.

Играчите имаат право да побараат датум во кој ќе играат, но конечната одлука е на организаторите на турнирот.

Јасно е дека Алкараз е предизвикан во овој момент бидејќи има многу други големи играчи кои сакаат да играат ноќе. Кога ќе се намали таа бројка или кога ќе дојдат дербијата, ситуацијата ќе се промени.

А, освен што сака да спие, на Алкараз му е важно да игра преку ден затоа што му одговара да игра на сонце затоа што тогаш топката патува побрзо. Неговата токму спротивност е Новак Ѓоковиќ, кој сака побавни топки, а тие се побавни кога се играат навечер.